При преглед на уредот за сопирање се извршуваат следниве проверки на возилото:
Дали возилото има соодветен уред за сопирање
Дали деловите на уредот за сопирање се добро прицврстени, неоштетени, преправани или сменети
Дали инсталацијата кај уредот за сопирање е добро затворена и не го испушта работниот флуид
Дали работната, помошната и паркирната кочница се комбинирани на пропишан начин
Дали деловите на уредот за сопирање – работната, помошната и паркирната кочница ги задоволуваат пропишаните услови за забавување на сопирачкиот коефициент и на силата за активирање на командите
Дали забавувачот, доколку е пропишан, постои на возилото и функционира исправно
Дали падот на притисокот на работниот флуид во пневматскиот преносен механизам при пропишаниот број сопирања ги преминува дозволените вредности
Дали разликата меѓу силата и сопирањето на тркалата од иста оска е во дозволената граница
Дали уредот за сопирање како целина функционира исправно