При преглед на моторот се извршуваат следниве проверки на возилото:
Дали моторот е добро прицврстен на своите држачи и дали елементите за врска се исправни и неоштетени.
Дали моторот е комплетен, односно дали ги има сите агрегати за определената погонска енергија.
Дали моторот при работа создава бучава поголема од дозволената.
Дали моторот при работа ги задоволува пропишаните услови во поглед на загадувањето на атмосферата.
При преглед на погонските уреди се извршуваат следниве проверки на возилото:
Дали сите уреди за пренос на силата од моторот до погонските тркала се исправни, односно неоштетени и добро прицврстени на своите држачи
Дали врските меѓу одделни уреди за трансмисија (главна спојка, менувач, карданско вратило, погонски мост) се неоштетени и добро прицврстени