ПОЧЕТНА / ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД НА МОТОРНИ ВОЗИЛА / ВОЗНА ПОСТРОЈКА И КАРОСЕРИЈАТА

ВОЗНА ПОСТРОЈКА И КАРОСЕРИЈАТА

При преглед на возната постројка и на каросеријата (самоносечката конструкција) се извршуваат следниве проверки на возилото:

Дали врските меѓу тркалото и рамот, односно каросеријата се оштетени или разлабавени.
Дали тркалата на своите ракавци или полувратилата се правилно поставени и осигурани.
Дали тркалата на своите ракавци или полувратила незјаат повеќе од дозволеното.
Дали елементите на еластичниот систем се добро прицврстени за своите носачи.
Дали се механички оштетени.
Дали исправно функционираат, односно дали влијаат на врз стабилноста на возилото.

При преглед на каросеријата (самоносечката конструкција) се извршуваат следниве проверки на возилото:

Дали каросеријата (самоносечката конструкција) и нивните врски заковки, завртки, навртки и места што се заварени не се деформирани или оштетени во таа мера да постои опасност од кршење.
Дали рамот или носечкиот дел на конструкцијата не ја изменил формата, односно не е преправан заради зголемување или намалување на товарниот простор или од други причини.

СВЕТЛОСНИ И СВЕТЛОСНО-СИГНАЛНИ УРЕДИ

При преглед на светлосните и на светлосно-сигналните уреди се извршуваат следниве проверки на возилото: Дали …

Здружение на возачи - Велес