ПОЧЕТНА / СТАТУТ

СТАТУТ

С Т А Т У Т

НА ЗДРУЖЕНИЕ НА ВОЗАЧИ ВЕЛЕС

 

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

            Здружението на возачи Велес е здружение на граѓани-возачи,формирано со слободно здружување на граѓаните,заради остварување и усогласување на своите интересни уверувања,како и заради вршење на дејности и активности со цел за подобрување и унапредување на сообраќајната кутура и безбедноста во сообраќајот на патиштата,техничката исправност на моторните возила како и други прашања од заеднички интерес.

 

Член 2

Здружението на возачите Велес,како здружение на граѓани своите цели и задачи ќе ги остварува во согласност со односите утврдени со Уставот на РМакедонија,со овј Статут како и Статутот на други Сојузи каде членува,како и со други законски норми кои ја регулираат материјата од оваа област.

 

НАЗИВ И СЕДИШТЕ

 

Член 3

Називот на Здружението е Здружение на возачи Велес.

 

Член 4

Здружението на возачи Велес се организира и делува на подрачјето на општина Велес и во Република Македонија преку формирање ограноци во други општини.

Седиштето на Здружение на возачи Велес е на улица Асном бр.13 во Велес.

 

Член 5

Здружението на возачи е правно лице.

Здружението на возачи им свој штембил,печат и амблем.

Печатот е тркалезен и го содржи името на здружението,а во средината се наоѓа амблемот на Здружение на возачи Велес.

Штембилот на Здружението на возачи Велес е правоаголен со следниов текст:Здружение на возачи Велес,број,дата и место.

Амблемот е со тркалезна форма со трите обележја на сообраќајот:возач,возило и пат.Возачот е претставен со две дланки како се поздравуваат што воедно ја претставува симболиката на солидарност во сообраќајот.Возилото е претставено со волан кој го заокружува патот.Патот е претставен по должина и во средниот простор на кругот од воланот.Надвор од заокружениот простор од воланот е запишан називот и тоа Здружение на возачи Велес.Во долната страна од текстот се сместени дланките.Целата оваа композиција е заокружена со круг.

 

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО И НИВНО ОСТВАРУВАЊЕ

 

Член 6

Граѓаните се здружени во здружението заради остварување на поширок заеднички интерес и како посебни цели и задачи се:

  1. развивање на квалитетна и ефективна организација,
  2. организирање и вршење активности за подобрување на условите во бездедноста во сообраќајот,
  3. организирање и спроведување разновидни форми и активности насочени за подигање на нивото на сообраќајната култура кај возачите на моторни возила,
  4. развивање на активности на планот на сообраќајната етика и морал кај сите учесници во сообраќајот за дисциплинираност,солидарност и хуманост според постојните општествени норми,
  5. соработување со други организации,органи и друго,
  6. давање стручни предлози кои допринесуваат за подобрување на безбедноста на патиштата и заштита на околината,
  7. финансирање на активности за превентивни цели во патниот сообраќај,за заедничка дејност со други организации и сојузи,согласно програмата за работа,
  8. врши и други работи кои произлегуваат од потребите на членството, а во согласност со Законот и Статутот.

 

НАЧИН НА ЗАЧЛЕНУВАЊЕ И ПРЕСТАНОК НА ЧЛЕНСТВО

 

Член 7

Член на Здружението на возачи Велес може да биде секој полнолетен и деловно способен граѓанин –државјанин на Р.Македонија кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава.

Зачленувањето во Здружението на возачи Велес се врши со пристапница.Пристапницата новиот член ја доставува до Извршниот одбор на Здружение на возачи Велес,кој што со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Извршниот одбор одлучува за прием на новиот член во Здружението.

Пристапницата ја издава(потпишува)застапникот на Здружението.

Здружение на возачи Велес на своите членови им издава членска книшка за членство и води Регистар на членството,кој се ажурира секоја година.Изгледот и формата на членската книшка и пристапницата ги определува Извршниот одбор на Здружение на возачи Велес.

Членовите на Здружението на возачи Велес плаќаат годишна чланарина,чиј износ се определува со посебна Одлука донесена од Извршниот одбор.

 

Член 8

Членот на Здружението на возачи Велес е активен со пристапница и со платена годишна чланарина.Секој член има право да бира и да биде биран во органите и телата на Здружението на возачи Велес кога плаќа редовно годишна чланарина по зачленувањето.

Член кој не плаќа редовно чланарина не може да биде избран за извршување на функција во органите и телата на Здружението на возачи Велес.

 

Член 9

            Обврски на членовите на Здружението на возачи Велес се :

  • редовно да плаќаат чланарина,
  • редовно да присуствуваат на состаноците,
  • да земат конкретно учество во спроведувањето на програмата за активностите на Здружението на возачи Велес.

 

Член 10

            Секој член може доброволно да истапи од Здружението на возачи Велес.

 

Член 11

            Членувањето во Здружението на возачи Велес престанува:

  • ако Здружението на возачи Велес престане со работа,
  • поради смрт на член на Здружението на возачи Велес,
  • ако членот уредно не ја плаќа чланарината,
  • ако членот на Здружението на возачи Велес не се придржува кон одредбите на Статутот или работи спротивно на програмските определби,целите и задачите на Здружението на возачи Велес.

Одлука за престанок на членувањето во Здружението на возачи Велес донесува Извршниот одбор на Здружението на возачи Велес со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на Извршниот одбор.

 

ПРЕТСТАВУВАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ

Член 12

            Здружението на возачи Велес го претставува и го застапува Застапникот по закон на Здружението.

 

ДЕЛУВАЊЕ

 

Член 13

Во склоп на своите активности и формата и начинот на делување Здружението на возачи Велес може да основа друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва за остварување на своите цели,интереси и активности и за финансирање на функциите утврдени со Статутот.

 

ОСТВАРУВАЊЕ ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА

 

Член 14

Работата на Здружението на возачи Велес е јавна. Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување на граѓаните возачи и на членовите, за сите облици на работењето,со увид во спроведувањето на програмските задачи,со поднесување на извештај за работата на органите и телата на Здружението на возачи Велес,за материјално финансово работење и друго. За информирање на членовите и пошироката јавност се користи печатот,интернетот и медиумите.

 

ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ВОЗАЧИ ВЕЛЕС

 

Член 15

Здружението на возачи Велес за остварување на целите и задачите и за извршување на работите надлежни во овој Статут стекнува средства на следниов начин:

-од чланарини

-од донации

-од непосредно извршување на дејност

-од издавачка дејност

-од трговски друштва

-од кирии и закупнини

-и од други извори на средства и услуги.

 

Член 16

Користењето и располагањето со средствата на Зружението на возачи Велес добиени по основите од претходниот член се врши на начин утврден со овој Статут и останатите законски норми.

 

Член 17

            За користењето и располагањето со средствата одлучуваат органите на Здружението на возачи Велес согласно надлежностите утврдени со овој Статут.

 

Член 18

            Здружението на возачи Велес донесува годишен финансиски план на приходите и расходите на Здружението.

Финансискиот план ги содржи приходите кои се стекнуваат по член 15 од Статутот како и расходите за општествените активности,набавка на опрема и уреди,одржување на опремата,материјални трошоци за работа на Здружението на возачи Велес и други расходи сврзани со тековното работење.

 

УПРАВУВАЊЕ СО ЗДРУЖЕНИЕ НА ВОЗАЧИ ВЕЛЕС

 

Член 19

Со Здружението за возачи Велес управува активно и ажурирано членство со пристапница и платена чланарина на Здружението на возачи Велес непосредно преку свои представници во органите.

Права и должности на претставникот по закон се:

  • претставникот да бира и да биде биран во органите на Здружението на возачи Велес и други сојузи,унии и асоцијации;
  • претставникот да предлага решавање на прашања од заеднички интерес,
  • да работи на развивање и унапредување на активности кои произлегуваат од Статутот,програмските цели и задачи и од усвоените одлуки и заклучоци,
  • да ги спроведува во целост одредбите од Статутот и програмските активности,
  • да ги застапува интересите и ставовите на Здружението на возачи Велес,
  • да бара стручна и друга помош од областа на сообраќајот и
  • да ги спроведува во живот одредбите од овој Статут.

 

 

ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ВОЗАЧИ ВЕЛЕС

 

Член 20

Органи на Здружението на возачи Велес се :

1.Собрание

2.Извршен одбор

 

Член 21

Собранието на Задружението на возачи Велес е највисок орган на управување на Здружението на возачи Велес.

Собранието на Здружението на возачи Велес го сочинуваат сите членови на Здручението и истото брои 9 членови кои се избираат од редот на активни членови со пристапница и редовно платена чланарина евидентирана во регистар и список кои се ажурираат еднаш годишно од страна на законскиот застапник.

Мандатот на членовите на собранието трае 4 години,се состанува по потреба ,а најмалку еднаш годишно.

Претставник во органите на сојузи или други организации во кои членува или со кои соработува Здружението на возачи е Застапникот по закон или друго лице кое ќе го овласти Извршниот одбор на Здружение на возачи.

 

Член 22

Собранието на Здружението на возачи Велес работи на седници. Собранието,по правило одржува седници најмалку еднаш годишни како и по потреба.

Седници на Собранието на Здружението на возачи Велес свикува Застапникот по закон.

Седницата на Собранието се свикува со покана или по телефон.

Со седницата раководи Застапникот по закон, а во негово отсуство член кој ќе го избере Собранието.

Собранието на Здружението на возачи Велес полноважно одлучува, ако се присутни повеќе од половина од вкупниот број членови.

Вонредна седница на Собранието на Здружението на возачи Велес може да се одржи по писмено барање од една третина од активните членови на Здружението на возачи Велес со пристапници и со редовно платена чланарина пред одржувањето на вонредната седница, а која ќе се одржи најдоцна во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за одржување.

 

Член 23

           Собранието на Здружение на возачи брои девет членови:

  • Александар Бузалков,
  • Катерина Ѓошева,
  • Илија Симсаров,
  • Николина Симсарова Тоцинова,
  • Борислав Бобевски,
  • Благој Тоцинов,
  • Елизабета Алексова Ивановска,
  • Димче Аспоров,
  • Благица Игнова.

Собранието на Здружението на возачи Велес полноважно одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број на членови.

Собранието на Здружението на возачи Велес по правило Одлуките ги донесува јавно со мнозинство гласови од присутните членови.

 

Член 24

            Во надлежност на Собранието на Здружението на возачи Велес е следното:

  • го донесува Статутот на Здружението на возачи Велес и врши измени и дополнување на истиот,
  • избира и разрешува членови на Извршниот одбор на Здружението на возачи Велес,
  • усвојува програма за дејствување на Здружението на возачи Велес за период од 4(четири)години,операционализирано во годишна програма,
  • го разгледува и усвојува извештајот за работата на Извршниот одбор помеѓу две собранија,
  • ја следи материјално-финансовата состојба на Здружението на возачи помеѓу две собранија,
  • донесува финансов план и усвојува завршна сметка на Здружението на возачи Велес,
  • расправа за постигнатите резултати од развојот на Здружението на возачи Велес и дава насоки за натамошниот развој на Здружението на возачи Велес,
  • одлучува за основање на трговски друштва,
  • врши и други работи кои произлегуваат од Статутот и Законите.

 

Член 25

            Извршниот одбор на Здружението на возачи Велес е извршен орган на Собранието на Здружението на возачи Велес во кој секој член има еднакви права,обврски и одговорности за работењето и развојот на Здружението на возачи Велес во согласност со Статутот.

 

Член 26

           Извршниот Одбор на Здружението на Возачи Велес брои 5 (пет) членови:

  • Александар Бузалков
  • Илија Симсаров
  • Борислав Бобевски
  • Катерина Ѓошева
  • Николина Симсарова Тоцинова

Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае 4(четири)години.

Извршниот одбор од своите редови избира Застапник по закон со неограничен мандат.

Застапникот по закон на Извршниот одбор истовремено е и Застапник на Собранието на Здружението на возачи Велес и тој го претставува и застапува Здружението на возачи Велес.

 

Член 27

Во надлежност на Извршниот одбор е следново:

  • Ги спроведува Статутарните и програмските задачи на Здружението на возачи Велес, како и Одлуките и заклучоците на Собранието на Здружението на возачи Велес,
  • донесува и реализира годишна програма за работа,
  • предлага измени и дополнувања на Статутот,
  • донесува соодветни правилници,прифаќа спогодби и склучува договори,
  • назначува и разрешува Застапник по закон на Здружението на возачи Велес,
  • донесува Одлуки за формирање на постојани и привремени комисии и ја насочува нивната работа,
  • организира и активно учествува во организирањето на разни акции и манифестации,
  • донесува Одлуки за награди,пофалби,патување в странство,по приговори и жалби, за набавка и оттуѓување на основни средства,
  • одлучува за висината на чланарината и
  • донесува и други Одлуки што ќе произлезат од тековното работење.

Извршниот одбор полноважно одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број на членови.

Извршниот одбор по правило Одлуките ги донесува јавно со мнозинство гласови од присутните членови.

 

Член 28

            Извршниот одбор за својата работа е одговорен пред Собранието на Здружение на возачи Велес.

Извршниот одбор се состанува и одржува седници по потреба.

Седниците на Извршниот одбор ги свикува Застапникот по закон, а во негово отсуство член кој ѓе го избере Извршниот одбор.

Начинот на свикување на седниците и работењето на Извршниот одбор се уредува со деловник за работа на Извршниот одбор.

 

Член 29

            Заради извршување на Статутарните и програмските задачи и Одлуки на Собранието на Здружението на возачи Велес и Извршниот одбор на Здружението на возачи Велес, може да се формираат комисии и други работни тела.

 

Член 30

            Права, обврски и надлежности на Застапникот по закон на Здружението на возачи Велес:

застапникот по закон на Здружението на возачи Велес е наредбодател и потписник на сметки на Здружението на возачи Велес.

  • Се грижи за благовремено извршување на Одлуките и заклучоците донесени од Собранието и Извршниот одбор,
  • Се грижи за правилната примена на законските прописи од област на дејностите што ги извршува Здружението на возачи Велес , ги спроведува Статутарните и програмските задачи на Здружението на возачи Велес како и одлуките и заклучоците на Собранието.
  • Ја реализира годишната програма за работа,
  • Предлага измени и дополнување на Статутот,
  • Организира и активно учествува во организирањето на разни акции и манифестации,
  • Во правниот промет превзема мерки и дејствија во име и за сметка на Здружението на возачи Велес,
  • Се грижи за правилна примена на законските прописиод дејностите што ги врши Здружението на возачи Велес,
  • Го застапува Здружението на возачи Велес во имотно-правните односи
  • Се грижи за спроведување на Статутот,
  • Прима службена пошта,
  • Изготвува или обезбедува изготвување на анализи,информации,осврти или други материјали за одредени настани,појави, проблеми и активности,
  • донесува одлуки за набавка и оттѓување на основни средства во вредност до 100.000,00 денари, како и одлуки за спонзорства-покровителства и донации до 20.000,00 денари,
  • Се грижи за функционирањето на Здружението на возачи Велес со набавка на основни средства за одржување на постоечката опрема,овластен е за потпис на репрезентации за потребите на Здружението на возачи Велес,
  • Дава свое мислење на органите и телата на Здружението на возачи Велес и присуствува на седници на Собранието и Извршниот одбор,
  • Ангажира лица со договор за повремени работи,
  • Донесува и други одлуки што ќе произлезат од тековното работење.

 

ПРЕСТАНОК НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ВОЗАЧИ ВЕЛЕС

 

Член 31

Здружението на возачи Велес ќе престане со работа ако за тоа одлучат Собранието на Здружението на возачи Велес, ако бројот на членовите се намали под бројот за основање од член 15 од Законот за Здруженија и фондации.

Одлука за престанок на Здружението на возачи Велес донесува Собранието на Здружението на возачи Велес со двотретинско мнозинство од вкупниот број на членови на Собранието.

 

Член 32

По престанок со работа на Здружението на возачи Велес ,имотот и средствата што остануваат по намирување на сите обврски према трети лица ,ќе се користат на начин утврден со одлука на Собранието на Здружението на возачи Велес донесена со двотретинско мнозинство од вкупниот број членови на Собранието, а во согласност со важечките законски прописи во време на постапката за прастанок на Здружението на возачи Велес.

 

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 

Член 33

Право на толкување на одредбите од овој Статут има Собранието на Здружението на возачи Велес , а помеѓу две собранија и Извршниот одбор на Здружението на возачи Велес.

 

Член 34

Со денот на стапувањето во сила на измените и дополнувањата на Статутот на Здружението на возачи Велес(пречистен текст) мандатот на членовите на Собранието и на Извршниот одбор останува до истекот на мандатот за кој се избрани.

 

Член 35

Измените и дополнувањата на овој Статут се врши по иста постапка како и неговото донесување.

 

Член 36

Со донесувањето на овој, Статут престанува да важи Статутот на Здружението на возачи од  15.03.2013 година.

 

 

 

Здружение на возачи Велес


Застапник по закон: Александар Бузалков

Здружение на возачи - Велес